СУТКОЗ на преговори со Министерството за информатичко општество

СУТКОЗ на преговори со Министерството за информатичко општество

Правилна примена на законот за административни службеници и законот за вработените во јавниот сектор во комуналните претпријатија, побараа претставници на СУТКОЗ  Дарко Димовски на денешните преговори со Министерството за информатичко општество и администрација.

Покрај тоа на преговорите е поднесено барање за враќање како единствен закон Законот за работни односи кој ќе ги регулира работничките права во јавните комунални претпријатија основани од Општините и Градот Скопје.

Од 13.02.2015 година почна со примена Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Прва обврска за институциите на јавниот сектор која произлегува од член 17 на Законот за вработените во јавниот сектор, беше изготвување и донесување на актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места на институциите. Законот пропишува постапка за изготвување и донесување на овие акти, која задолжително опфаќа добивање на согласност од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

Инаку и по девет месеци откако беше избран Дарко Димовски за в.д. претседател на ССМ, сѐ уште не е впишан во Централниот регистар. Управниот суд го одби предлогот на Димовски и одлучи спротивно на налогот на Врховен со кој требаше да му наложи на Централниот регистар да го впише  неговото име за нов претседател на ССМ.