СЈО демантира дека инцидентот во Боговиње е обид за атентат врз Фетаи

СЈО демантира дека инцидентот во Боговиње е обид за атентат врз Фетаи

Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми на албански јазик, во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека во заднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа, официјано реагираат од СЈО.

Тие информираат дека на тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи.