(ВИДЕО) Таравари во Арачиново пречекан со партиски плакати, уверува дека не ги нарачал

(ВИДЕО) Таравари во Арачиново пречекан со партиски плакати, уверува дека не ги нарачал

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој денеска беше во посета на амбулантата во Арачиново, беше пречекан со партиски плакати од Зијадин Села, претседателот на Движењето за реформи во ДПА. На плакатот на албански јазик пишување „Арачиново го чека наследникот на Адем Јашари“. Додека траеше прес-конференцијата, во амбулантата активистите стоеја зад министерот, кој се правдаше дека тој не им наложил да дојдат.

– Официјално, кампањата не е почната, но факт е дека веќе се чувствува предизборна атмосфера. Сто отсто ве уверувам дека јас не сум нарачал да ме чекаат со партиски симболи, но тоа некогаш е неизбежно – изјави Таравари.

Арбен Таравари, кој повеќе од три месеци е на функцијата министер за здравство, пред неколку дена објави дека ќе си поднесе оставка и ќе влезе во трката за кандидат за градоначалник на Гостивар.