Таравари до Стефаноски: Подмолно сакавте да ги поскапете лековите

Таравари до Стефаноски: Подмолно сакавте да ги поскапете лековите

Нема да има никаков застој во постапките за лекување во странство бидејќи на почетокот на следната недела, најдоцна до вторник ќе се формира нова комисија за оваа постапка, тврди министерот за здравство, Арбен Таравари, во реакцијата до директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, кој го обвини министерот дека со разрешувањето на Управниот одбор ќе се парализираат жалбите до второстепената комисија за лекување во странство.

„Заедно со мојот кабинет интензивно работиме на системски решенија и закрепнување на здравствениот систем, кој беше катастрофално уништен од страна на претходната администрација од која и Вие сте дел. Интересот на граѓаните е секогаш мој приоритет, за разлика од вашата практика. Тоа го покажавте и со тоа што подмолно сакавте да ги поскапете лековите. Кога јас и мојот кабинет решивме да ја поништиме таа одлука, Вие ниту одговаравте на нашите повици, ниту сакавте да ја потпишете мојата одлука. Каде е тука Вашата конструктивност? Каде е тука Вашата одговорност кон граѓаните на Република Македонија?“ – се вели понатаму во писмената реакција на министерот за здравство.