Таравари ќе го разреши директорот на ФЗОМ оти не се појавувал на работа, тој се брани – министерот лаже!

Таравари ќе го разреши директорот на ФЗОМ оти не се појавувал на работа, тој се брани – министерот лаже!

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Стефаноски, ќе биде разрешен од функцијата бидејќи, според кажувањата на министерот за здравство, Арбен Таравари, не се појавувал на работа и не одговарал на повиците од Министерството за здравство.

Стефаноски, пак, со реакција – министерот лаже! „Непотребни се вакви непримерни и невистинити изјави и не треба да бидат одлика на еден министер во Влада кој има толку одговорен ресор кој ги засега сите граѓани на Република Македонија. Добро е што по месец и две недели од Вашето назначување се сетивте дека постои Фонд за здравствено осигурување на Македонија и ние сè уште ја чекаме Вашата прва официјална покана да оствариме работна средба“- вели директорот на ФЗОМ.

Од Министерството за здравство велат дека се размислува и дали наместо двајца, од сега да има само еден директор, како и за тоа Фондот да не биде засебна институција туку дел од Министерството.

Сашо Стефаноски дојде на челната позиција на Фондот, на местото на Маја Парнарџиева -Змејкова, која поднесе оставка, под притисок на јавноста, за случајот со малата Тамара.