Тахири: Нема дијалог со Србија до формирање на новите институции

Тахири: Нема дијалог со Србија до формирање на новите институции

Меѓународните претставници во контиунитет бараат што е можно побрзо да продолжи дијалогот меѓу Приштина и Белград бидејќи на неговиот застој се гледа како на сериозен проблем, но Косово нема можност да го стори тоа бидејќи е во процес на формирање на институциите по предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни.

Според косовската министерка за дијалог, Едита Тахири, за Косово во моментот приоритет е формирањето на новите институции, па дури потоа продолжување со домашната и меѓународната агенда, вклучувајќи го и дијалогот.

– За Косово во овој миг приоритет е формирањето на новите институции по спроведените национални избори и кога ќе се формираат, во агендата на Косово се низа прашања поврзани со домашната, но и со меѓународната агенда – посочи Тахири.

Според неа, дијалогот меѓу Белград и Приштина придонесува за евро-атлантската интеграција на Косово поради што новата Влада ќе го има и него во својата агенда.