Тачи: Годинава ќе постигнеме историски договор со Србија

Тачи: Годинава ќе постигнеме историски договор со Србија

Косово очекува до крајот на оваа година да ги реши контроверзните прашања со Србија и да постигне историски договор. Косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за „Ројтерс“ рече дека договорот меѓу Приштина и Белград ќе резултира со целосна нормализација на односите.

„Договорот меѓу Косово и Србија, што верувам дека ќе се постигне во 2018 година, ќе биде историски и сеопфатен. Резултатот ќе биде членство на Косово во Обединетите нации“, рече Тачи.

Косово прогласи еднострана независност на 17 февруари 2008 година. Тоа беше признато од страна на повеќето земји членки на Европската Унија и САД. Нормализирање на односите меѓу Косово од Србија е клучен услов за пристапот на Белград во Европската Унија.