Тачи: Нема алтернатива на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Тачи: Нема алтернатива на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека не постои алтернатива на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека е потребно да дојде до помирување меѓу Косово и Србија, пишуваат приштинските медиуми.

„Дијалогот ќе влезе во нова фаза, целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија “- рече Тачи.

Тој изрази уверување дека дијалогот ќе биде продолжен веќе од септември.