Тачи се сомнева во правдата на специјалниот суд во Косово, бара формирање армија

Тачи се сомнева во правдата на специјалниот суд во Косово, бара формирање армија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, повторно ја оспори кредибилноста на специјалниот суд за воени злосторства во земјата велејќи дека тој е создаден под притисок на меѓународната заедница.

Тачи изрази уверување дека специјалниот суд нема да биде во можност да го постигне она што го прокламира – зајакнување на чувството за правда за жртвите на војната.

„Ако зборуваме за правда, на која инсистира меѓународната заедница, тогаш би требало да бидат создадени 100 такви суда само за злосторствата што Милошевата Србија ги извршила во балканските земји“, рече Тачи.

Во рамките на годишното обраќање пред претставниците на силите за безбедност во Косово, Тачи уште еднаш изрази мислење дека земјата треба да има модерна армија, која ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и светот. Истовремено, тој додаде дека формирањето би се одвивало во координација со НАТО и меѓународните партнери на Приштина.