Тајани: Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа

Тајани: Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа

Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа, а вратата на Европската Унија останува отворена за сите оние кои ја менуваат земјата на подобро, не само во интерес на членството туку и во интерес на граѓаните, порачал претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Тој во следните два дена ќе престојува во Црна Гора, која е прва земја што ја посетува во неговиот мандат, а која не е членка на Унијата. Со неговата посета, рекол тој, сака да испрати силна порака на целиот регион.

Тој, пред посетата, оценил дека Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа, што е предодредено со силни историски, културни и економски врски.

„Вратата на ЕУ останува отворена за сите оние кои ја менуваат својата земја на подобро, не само во интерес на членството туку и во интерес на граѓаните. Стабилноста во регионот значи стабилност во цела Европа“, порачал Тајани.

Црна Гора минатиот месец стана членка на НАТО. Според Тајани тоа е знак дека земјата ги усвојува заедничките вредности на ЕУ и дека се усогласува со целите на надворешната и безбедноста политика на ЕУ.