Тевдовски најави задолжување од 470 милиони евра за враќање стари долгови и крпење на буџетот

Тевдовски најави задолжување од 470 милиони евра за враќање стари долгови и крпење на буџетот

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека во предлог-буџетот за 2018 година е предвидено задолжување на домашниот и странскиот пазар за сума од приближно 470 милиони евра. Со нив ќе се финансираат буџетскиот дефицит и достасаните обврски што ги направиле претходните влади. Тој  на промоцијата на својата публикација „Патот напред – Колумни за економскиот раст и социјалната кохезија во Македонија“ на Економскиот факултет во Скопје додаде дека пресудна за задолжување на странскиот пазар ќе биде каматната стапка.

„Не е исто да се излезе на странски пазар или со еврообврзница која ќе има три, четири и пет проценти или ќе има девет или 10. Ќе донесеме одлука за излегување на странски пазар само ако мислиме дека граѓаните ќе платат ниска цена“, изјави Тевдовски

Тевдовски вели дека в година е предвидена можност и за странско задолжување бидејќи, како што кажа, каматните стапки на меѓународните пазари се поволни, а очекувањата се дека ќе почне да се зголемуваат.