МАКФАКС

Телеком ќе ги зголеми надоместоците за директорите од 2.000 евра на 3.000 до 4.000 евра

Телеком ќе ги зголеми надоместоците за директорите од 2.000 евра на 3.000 до 4.000 евра
21.04.2017, 16:56

В понеделник во 14 часот ќе се одржи Годишно Собрание на Македонски Телеком АД Скопје на кое покрај останатите точки, на дневен ред се и две многу значајни точки за граѓаните. Станува збор за предлог одлука за определување на нов зголемен месечен надоместок на членовите на Одборот на директори и за предлог одлука за избор на нов член на Одборот на директори, во конкретниот случај Андреас Елснер, досегашен главен оперативен директор за приватни корисници во компанијата.

Се предлагаат двојно поголеми надоместоци за претседателот и за заменик претседателот на Одборот на директори на компанијата, односно ако до сега земале по 123.000, односно 93.000 денари месечен надоместок, сега ќе земаат по 248.000, односно 186.000 денари месечно. На останатите членови на Одборот на директори примањата им се зголемуваат за околу 20%.

Владата на РМ поседува 38,88 % од вкупниот број акции со право на глас во компанијата.

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *