Телефони од иднината

Телефони од иднината

 

Дизајнот на телефоните во главно е ист, речиси сите се правоаголни, но дизајнерите Филипе Старк и Џером Оливет отидоа чекор понатаму и се одлучија за многу едноставен концепт на телефон кој носи назив Alo smartphone.

Според нивните зборови, телефонот би требало совршено да лежи во раката а се карактеризира со издолжена форма во комбинација со транслуцентен изглед.

„Ало концептот има потполно вокализирана површина за сите функции на телефонот, може да чита СМС и меил, а пораките место да се пишуваат може да се диктираат. Камерата на телефонот се однесува како око и може да идентификува лица. Видеозаписите би требало да бидат проектирани во облик на 3D холограмски фотографии, а телефонот во случај да се оштети треба сам да се репарира. Овде станува збор за вистинска вештачка интелигенција“, велат дизајнерите.

Кога станува збор за дизајнот, очигледно Alo smartphone изгледа најнеобично, од кој и да е телефон до сега. Дизајнерите во моментот се во фаза на изработка на протип кој ќе биде врзан за брендот Thomson, а бидејќи станува збор за концепт, многу е веројатно дека Alo телефон нема да видиме уште долго.

https://www.youtube.com/watch?v=23vfwNaergQ