Темелковски: Иако Кисела Вода беше водена од работник во културата, општината културно назадуваше

Темелковски: Иако Кисела Вода беше водена од работник во културата, општината културно назадуваше

Иако општината Кисела Вода во изминатите четири години беше водена од работник во културата, ние културно назадувавме. За таа цел во нашата програма предвидуваме инфраструктурни проекти и проекти што ќе ја стават културата како препознатлив белег на нашата општина Кисела Вода, рече кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на СДСМ.

„Прво, планираме доградба и довршување на изградбата на домот за култура во село Драчево. Заедно со соодветни простории за најстарото културно-уметничко друштво „Китка“. Како општина ќе се залагаме за целосна промоција на културата за сите, од 7 до 77 години. Затоа во нашите културни домови ќе организираме изложби, театарски претстави, претстави за најмладите, но и за нашите пензионери. Дополнително, на територија на општина Кисела Вода има археолошки локалитети. Ние соодветно ќе ги промовираме како меѓу граѓаните на општина Кисела Вода така и на целата територија на Република Македонија“, рече Темелковски.