Тешка сообраќајка кај Неготино: Го пронашле мртов дури утредента

Тешка сообраќајка кај Неготино: Го пронашле мртов дури утредента

Од полицијата наведуваат дека вчера во 10:50 часот, на регионалниот пат Р1-103 кај крстосницата 20. километар – Неготино, пронајден е излетан од патот Т.К. (55) од Радовиш, кој управувал со патничко моторно возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки. Од полицијата додаваат дека при вршење на увидот било констатирано дека сообраќајната незгода се случила на 9.10.2017 година околу 12:30 часот.

Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а над возилото е извршен преглед од страна на вештак заради утврдување техничка исправност.