Том Круз предизвика застој во сообраќајот во Лондон

Том Круз предизвика застој во сообраќајот во Лондон

Снимање филм со Том Круз предизвика застој во сообраќајот во центарот на Лондон.

За најновото продолжение на „Невозможна мисија“ се снимала сцена како Том Круз трча по покривот на железничкиот мост поради што бил запрен сообраќајот на мостот Белкфрајерс.

Додека филмската звезда ја изведувала акцијата над Темза, сцената била снимана од хеликоптер кој ниско летал, а забранет бил и пристапот на чамците под мостот. Во време додека се снимала сцената возовите поминувале низ железничката станица.