МАКФАКС

Трагедија на влезот на Велес – возач на „сканија“ загина при пад во бездна

Трагедија на влезот на Велес – возач на „сканија“ загина при пад во бездна
20.04.2017, 13:20

Млад возач загина откако управувајќи товарно возило „сканија“ со велешки регистарски ознаки и приколка „Шмиц“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото кое почнало да се лизга по коловозот и удрило во бетонски столб, по што застанало. Возачот Ј.Р.(23) од с.Марена, кавадаречко, паднал од кабината во бездна.

Од екипа на Итна медициснка помош Ј.Р. бил пренесен во Општа болница Велес, каде во 07.20 часот била констатирана смрт. Кај сопатникот Н.К. (27) од с.Чифлик, Демир Капија, не се констатирани повреди .

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Велес. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. /крај/со/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *