„Трагови у сјети“, најубавите песни на Зоран Предин и Матија Дедиќ на концерти во Скопје

„Трагови у сјети“, најубавите песни на Зоран Предин и Матија Дедиќ на концерти во Скопје

На сцената на Македонскиот народен театар на 17 и 18 номеври ќе се одржат концерти на големите музички имиња Зоран Предин и Матија Дедиќ. Нивниот настап е со наслов „Трагови у сјети“ по истоимениот заеднички албум и подразбира концепт што ги вклучува најубавите песни на овие двајца музичари со импресивна биографија.

„Ти си ми у крви“ на Бреговиќ, „Галеб и ја“ на Руњиќ, „Магла“ на Метикош или „Васа Ладачки“ на Балашевиќ, како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија, се дел од песните што се обраќаат на повеќе генерации од публиката.
Албумот е снимен во студиото „Марибор“ на 22 јануари 2016 година. На албумот, освен Зоран и Матеј, учествуваа и Ева Герм, Јулија Ведин, а зад целосната музичка продукција, снимање и мастеринг потпишан е Данило Женко.

Овој албум содржи 12 нумери и сите се карактеризирани како музички крстопат на класични ноти и џез-музика.

Влезниците по промотивна цена од 800 денари се веќе во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, „Југотон“ и онлајн.