Трамп: Изгледа не сме доволно цврсти кон Северна Кореја

Трамп: Изгледа не сме доволно цврсти кон Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп го заостри тонот кон Северна Кореја констатирајќи дека неговите предупредувања дека против неа ќе употреби „оган и жестина“, можеби и не биле доволно цврсти.

„Можеби оваа изјава и не беше доволно цврста“, изјави претсесателот пред да се сретне со своите советници за национална безбедност на неговио имот во Бедминстер, во државата Њу Џерси.

-Крајно време е некој да застане на првата линија, во име на луѓето во нашата земја и луѓето во другите земји, продолжи претседателот на САД.

Тој не кажа дали САД ја разгледуваат можноста за превентивен удар врз Северна Кореја, но подвлече дека е подготвен да преговара.