Трамп: На Французите им е доста!

Трамп: На Французите им е доста!

Американскиот претседател Доналд Трамп предвиде дека последниот смртоносен напад во Париз во кој беше убиен еден полицаец ќе има “големо влијание” на исходот од клучните избори во Франција овој викенд. Нападот практично се случи пред последниот ден од кампањата.

Трамп не се осврнана тоа како најновото очигледна исламистички поврзани насилство може да влијае на гласовите, но кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен покрена многу антиимигрантски прашања и околу безбедност, кои се наметнуваа и од страна на Трамп за време на неговата кампања.

“Уште еден терористички напад во Париз”, пишува Трамп во еден пост на Твитер. ” Народот на Франција не сака повеќе од ова. Тоа ќе има големо влијание врз претседателските избори! ”

Француските избори станаа критичен тест за силата за Ле Пен и на нејзиниот Национален фронт, во време кога националистичките партии фрлија сенка врз изборите во други западни земји, вклучувајќи ја и победата на Трамп и минатогодишниот британски референдум за напуштање на Европската унија .крај/мф