Трамп: Новите санкции против Северна Кореја се само мал чекор

Трамп: Новите санкции против Северна Кореја се само мал чекор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новите санкции против Северна Кореја што Советот за безбедност ги одобри се само мал чекор. Како што рекол, тој чекор не е ништо во споредба со тоа што на крајот мора да се случи.

„Ние сметаме дека тоа е само уште еден многу мал чекор, ништо особено“, им изјавил Трамп на новинарите коментирајќи ги санкциите што беа усвоени вчера, пренесе „Ројтерс“.

„Не знам дали тоа има некакво влијание, но сигурно е убаво што 15 членки гласале за тоа. Тие санкции не се ништо во споредба со тоа што на крајот мора да се случи“, рекол Трамп.