Трамп: Парискиот климатски договор e лош

Трамп: Парискиот климатски договор e лош

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека неговата основна забелешка за Парискиот климатски договор е што со него неправдено се третираат САД.

Тој нагласи дека ако биде постигнат подобар договор, Вашингтон може да биде убеден повторно да се приклучи на тој договор.

– Договорот е многу нефер кон САД, изјави Трамп на прес-конференцијата со норвешката премиерка Ерна Солберг. Тој вели дека нема проблем за договор со клима, но дека Парискикот договор „е лош договор“, коментирајќи дека тоа е уште еден во низата лоши договори кои ги склучил Барак Обама.