Трамп: Политиката на САД кон Северна Кореја не дава резултати

Трамп: Политиката на САД кон Северна Кореја не дава резултати

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ напиша дека американската политика кон Северна Кореја е неуспешна и не дава резултати.

„Нашата земја во последните 25 години неуспешно се справува со Северна Кореја. Америка даваше милијарди долари, а за возврат не доби ништо. Политиката не функционира“, напиша Трамп.

Последните твитови на Трамп го отвораат прашањето дали со нив се отвора патот за воена акција.

Во саботата тој рече дека американските преговарачи направиле будали од себе и дека само на еден начин може да се одговори на заканите од Северна Кореја.

По ова, републиканскиот сенатор Боб Коркер за „Њујорк тајмс“ рече дека се плаши Трамп да не ги одведе САД во трета светска војна.