МАКФАКС

Трамп ја потпиша наредбата за издавање работни визи за странците

Трамп ја потпиша наредбата за издавање работни визи за странците
20.04.2017, 11:55

Американскиот претседател Доналд Трамп, ја потпиша извршната наредба, која, како што се смета, би требало да им помогне на американските работници чии работни места се загрозени од квалификувани имигранти.

„Ќе ги заштитиме нашите работници, нашите работни места и конечно ќе ја ставиме Америка на прво место“, рече Трамп.

Наредбата на Трамп во основа бара детални извештаи што се однесуваат на одобрување на визи за висококвалификувани странски работници и на осигурувањето дека владините програми ги откупуваат американските производи како што налага законот. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *