(ВИДЕО) Трајановски: Град Скопје ќе најде начин како да ја финансира изградбата на Конгресен центар „Александар Македонски“

(ВИДЕО) Трајановски: Град Скопје ќе најде начин како да ја финансира изградбата на Конгресен центар „Александар Македонски“

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, презентираше уште еден капитален проект, а тоа е изградба на Конгресен центар „Александар Македонски“ на местото на старата Универзална сала кој ќе биде со повеќе сали со различни капацитети за организирање различни настани.

Трајановски кажа дека овој проект требало да биде финансиран и од централната власт, но бидејќи средствата се укинати, Град Скопје ќе изнајде начин како да ја финансисра изградбата на нов конгресен центар. Тој најави дека ќе ја урне Универзална сала до темел и повторно ќе ја изгради.

На обвинувањата на неговиот противкандидат Петре Шилегов дека Трајановски го уништува изгледот на Скопје, тој вели дека за тоа ќе проценат и ќе кажат граѓаните на 15 октомври.

К. Ландов