Три сириски бунтовнички групи договорија примирје

Три сириски бунтовнички групи договорија примирје

Три сириски бунтовнички групи потпишаа примирје, со посредство на Египет и Русија.

Примирјето се однесува на јужниот дел на главниот град Дамаск, а владата на Сирија не го потпишала.

Со договорот не е прецизирана областа на која се однесува примирјето, а тие три групи ја контролираат областа јужно од Дамаск, која се граничи со областите под контрола на терористичката организација „Исламска држава“.

Договорот ќе овозможи пристап на хуманитарните работници, но, за разлика од други слични договори, не предвидува преместување на борци и население.

Врз основа на слични договори во текот на претходните години, десетици илјади луѓе беа пренесени со автобуси во провинцијата Идлиб, на северозападот на земјата.

Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година загинале повеќе од 330.000 луѓе, а милиони побегнале од земјата.