Туркменистан забрани црни автомобили – носеле несреќа

Туркменистан забрани црни автомобили – носеле несреќа

Претседателот на Туркменистан, Гурбангулји Бердимухамедов, донесе бесмислена одлука – со закон го забрани возењето на црни автомобили во главниот град. Причината за ваквата одлука е тоа што црната боја привлекувала несреќа. Поради тоа, претседателот Бердимухамедов смета дека белата боја носи среќа, па ја препорачува.

Туркменистан во 2015 година забрани увоз на црни автомобили и препорача купување возила во светли нијанси, а сега без предупредување воведе забрана за црни автомобили. Паркираните црни автомобили биле запленети и транспортирани на градската депонија. Граѓаните бараат автомобилите да им бидат вратени, а за тоа ќе треба да потпишат дека ќе ја променат бојата на свој трошок. Бердимухамедов вози „бугати вејрон“ во светлозелена боја.