Турција бара забрана за „ѓуленистите“ во Албанија

Турција бара забрана за „ѓуленистите“ во Албанија

Турскиот амбасадор во Албанија, Хидајет Бајрактар, изјави дека официјална Анкара очекува од новата албанска влада  да се спротивстави и да ги забрани активностите на поддржувачите на Фетулах Ѓулен во Албанија.

Турскиот дипломат за албанската телевизија АБЦ рече дека „во Албанија има поддржувачи и активности на терористот Фетулах Ѓулен“.

Првите активностите на ФЕТО во Албанија беа сместени во домовите на училиштата што ги отвори токму ФЕТО во Албанија.

„Тероростичката организација ФЕТО е основана во 1970 година од Фетулах Ѓулен и функционира во околу 170 земји во светот. ФЕТО има силно верско влијание и во Турција има 1.350 училишта“, рече турскиот амбасадор.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама е пријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган и верува дека  ќе се спротивстави на активностите на ѓуленистите  во Албанија.

Претходно, албанските медиуми јавија дека Анкара има испратено писмо до Владата во Тирана во кое се наведуваат и имиња и на албански државјани кои се активисти во ФЕТО.

Меѓу нив има и политичари и интелектуалци.

МН