Турција врати на работа 1.800 државни службеници

Турција врати на работа 1.800 државни службеници

Турција денеска врати на работа над 1.800 државни службеници, кои останале без работа за време на чистката по обидот за државен удар во 2016 година кога било утврдено дека не се поврзани со мрежата на самопрогласениот верски лидер Фетулах Ѓулен, обвинет дека стои зад обидот за пуч.

Ѓулен ги негира тие обвинувања против него и го осуди обидот за државен удар. По обидот за пуч, во Турција беа приведени илјадници државни службеници, професори, полицајци, доктори и други.