Уапсен директорот на најголемата компанија за месо во светот

Уапсен директорот на најголемата компанија за месо во светот

Бразилската полиција го уапси извршниот директор на најголемата компанија во светот за преработка на месо ЈБС, осомничен за давање поткуп и за инсајдерско тргување за профит од зделка склучена претходно оваа година.

Извршниот директор на ЈБС, Весли Батиста, и неговиот брат Жоесли, поранешен шеф на компанијата, во мај склучиле договор со Обвинителството, во рамките на кое посведочиле дека оваа компанија платила поткуп на десетици политичари вклучувајќи го и претседателот Мишел Темер. Претседателот ги отфрли таквите тврдења.

Весли беше приведен во Сао Пауло, а освен за поткуп, се товари и за инсајдерско тргување со акции на компанијата и невообичаено купување долари, кои ѝ донеле огромен профит на компанијата.

Налог за притвор е издаден и за Жоесли иако тој е во истражен затвор од неделата кога самиот се предаде по објавувањето дека наводно скрил информации за време на давањето исказ при постигнувањето договор со Обвинителството.