„Уа лопови“ – 113 протест на исклучените од системот за парно-греење

„Уа лопови“ – 113 протест на исклучените од системот за парно-греење

За денеска напладне е закажан 113 мирен протест на исклучените граѓани од системот на Топлификација, на вообичаено место и време, кај Триумфалната порта.

Од Иницијативата најавија дека протестот ќе им го посветат и на Основен суд 2 и Апелација.

„Овие институции се директи учесници во криминалот со прифаќање на фалсификат документи во нивните постапки и нивно назначување за Веродостојни исправи. Денеска се навршуваат 40 дена од смртта на нашиот соборец Стрезо Стрезовски кој почина под притисоците на мафијата која сораборуваше со БЕГ“, пишува во поканата.

Мф/ВМ