Убиениот полицаец бил борец за геј права

Убиениот полицаец бил борец за геј права

Хавиер Жугел, полицаецот убиен во последниот терористички напад во Париз, два дена пред изборите, бил борец за геј правата.

Тој бил меѓу полицајците што одговориле на терористичкиот напад во концертната сала Батаклан во ноември 2015 година и меѓу толпата луѓе исто така кога звездата Стинг ја отвори повторно салата за употреба една година подоцна.

Жугел, кој имал 37 години, бил полицаец од 2010 година и на крајот самиот стана жртва на тероризам во четвртокот вечерта. Исламската држава презеде одговорност за нападот и за неговото убиство.

Здружението за геј правата во Франција потврди дека тој бил нивни член од пред неколку години и протестирал со нив против пропагандата за забрана на учество на хомосексуалци на Олимписките игри во Сочи.

Извршителот на синоќашниот напад на париската авенија Шанзелизе е идентификуван како 39-годишниот Карим Шеруфи кој живеел во Ливри-гарган во Сен сан Дени во парискиот регион. Вториот осомничен за нападот и се предаде на белгиската полиција.

Франција соопшти дека ја засилува безбедноста по нападот и во пресрет на претседателските избори. По денешната вонредна владина седница, премиерот Бернар Казнев рече дека за време на првиот круг на гласањето на 23 април ќе бидат распоредени 50 илјади полицајци и жандарми, а ќе патролираат и седум илјади војници. Вториот круг од изборите е закажан за 7 мај. Крај/мф