Украдени пиштол и куршуми од стан во Скопје

Украдени пиштол и куршуми од стан во Скопје

Пиштол и куршуми се украдени од стан во Скопје.

Според информациите на МВР, во неделата, во периодот од 20 до 22 часот, на бул.„АСНОМ“ во стан сопственост на Г.С.(48) непознат сторител извршил тешка кражба.

Тој украл еден пиштол марка „црвена застава“ калибар 9 мм, две рамки за истиот и 50 куршуми калибар 9 мм.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.