Украден па вратен автомобил што скопјанец го оставил со вклучен мотор пред маркет во Скопје

Украден па вратен автомобил што скопјанец го оставил со вклучен мотор пред маркет во Скопје

Две непознати лица вчера околу 8.40 часот украле автомобил „ланд ровер – ренџер спорт“ на скопјанецот С.Е. (24) кога тој застанал пред маркет на улица Московска и возилото го оставил незаклучено и со вклучен мотор.

Сопственикот на автомобилот слушнал отворање на врата од возило, се обидел да ги спречи крадците во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец.

Околу 9 часот полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на село Ласкарци. Во 14 часот возилото му било вратено на пријавителот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.