МАКФАКС

Ума Турман ќе претседава со жирито на „Извесен поглед“ во Кан

Ума Турман ќе претседава со жирито на „Извесен поглед“ во Кан
21.04.2017, 15:29

Канскиот филмски фестивал објави дека американската актерка ќе го предводи жирито на престижната програма во која годинава учествува и македонската копродукција „Насоки“ на Стефан Командарев. 

Ума Турман во својата дведецениска кариера има остварено редица забележителни улоги. Дебитираше уште на 17 години во „Опасни врски“ на Стефен Фрирс, неколку месеци потоа го сними и „Авантурите на баронот Минхаузен“ на Тери Гилијам.
Во средината на деведесеттите години на минатиот век стана своевидна муза на Квентин Тарантино, играјќи амблематични улоги во „Палп фикшн“ и „Убиј го Бил“.
Изминативе две децении играше и кај Вуди Ален, Роланд Жофе, Итн Хоук (нејзиниот поранешен сопруг), Ларс фон Трир…
„Извесен поглед“ е втора натпреварувачка програма од официјалната селекција и вообичаено селектира филмови со уникатен авторски ракопис и естетика. крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *