Уметници од целиот свет се претставија на фестивалот „Езерски бисери“ во Струга

Уметници од целиот свет се претставија на фестивалот „Езерски бисери“ во Струга

На сцената на Центарот за култура во Струга вчера блеснаа многубројни уметници кои учествуваа на меѓународниот арт-фестивал „Езерски бисери 2017“.

На натпреварите во класика и естраден вокал се претставија учесници од Русија, Белорусија, Македонија, Косово, Израел, Литванија, Бугарија, Полска.

Интернационалното жири им ги додели наградите лауреат прв степен во класична музика на Стојан Стојанов и Мартин Милески (гитара).

Наградите лауреат прв степен во естраден вокал ги добија учесниците во повеќе возрасни групи: Силвија Рубин, Марија Белјакович, Аугусте Нонбеко, Марија Магиљнаја, Мина Блажев, Емили Купер, Аалија Коне, Арина Пехтерева, Полозова Софија, Александра Татохина, Тали Купер, Василиса Савкина, Александра Урбанска.

Во рамките на фестивалските активности од 4 до 14 август учесниците присуствуваа на повеќе мастер-класи, ги посетија Охрид и Свети Наум, а се одржа и вечер на македонската традиција на која настапи и КУД „Дримкол“ на воодушевување на странските учесници. Денеска, по мастер-класите, е планирана посета на Вевчани.

Утре ќе се одржи и натпревар во естраден вокал (дуети и ансамбли), а од 20.30 е доделувањето на наградите.

Најдобриот учесник ќе добие Гран при, фестивалска статуетка и парична награда од 1.000 долари.