Управата за јавни приходи ќе се поднови со мебел за 97 илјади евра

Управата за јавни приходи ќе се поднови со мебел за 97 илјади евра

 

На Бирото за јавни набавки е објавен тендер за набавка на канцелариски мебел за потребите на Управата за јавни приходи.

Станува збор за набавка на канцелариски мебел, столчиња и метални полици во вредност од 6 милиони денари без ДДВ или нешто над 97 илјади евра. Времетраењето на договорот е за една година, а критериум за доделување на набавката е најниската цена. Договорот за набавка ќе се спроведе преку електронска аукција.