Условни казни за потпалувачите на американската амбасада во Белград

Условни казни за потпалувачите на американската амбасада во Белград

Вишиот суд во Белград ги осуди на условни казни затвор од пет до шест месеци четворицата обвинети за палење на американската амбасада во Белград во 2008 година по митингот „Косово е Србија“, а тројца се ослободени од обвинението.

Казните нема да се извршат доколку осудените не извршат ново кривично дело во рок од две години.

Осудените се прогласени виновни затоа што ја гаѓале со камења Амбасадата на САД, при што ги искршиле прозорците, а потоа фрлиле факли низ прозорците, по што бил предизвикан пожар, наведе судот во образложението на пресудата.

Обвинетите самите ќе ги платат трошоците за постапката, а за ослободените трошоците ќе паднат на товар на буџетот.