Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и неколку скопски села

Утре без струја делови од Центар, Кисела Вода и неколку скопски села

Корисниците од улиците Виктор Иго, Мишко Михајловски, 456, ОУ „Златан Сремац“, како и од делови од улиците Емил Зола и Киро Крстевски во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 16 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат и корисниците од кањон Матка, хотелот, црквата и изложбениот центар на ЕВН во општина Сарај, а од 9 до 11 часот корисниците од улица Ениџе Вардарско во општина Кисела Вода.

Во периодот од 9 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците 1, 6 и 7 во село Батинци, од 11 до 15:30 часот, дел од корисниците од село Семениште, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улиците Борка Талески, Христо Смирненски и 9 Мај во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.