Утревечер делови од Аеродром и Ново Лисиче ќе останат без вода

Утревечер делови од Аеродром и Ново Лисиче ќе останат без вода

Корисниците од високата зона на населбите Аеродром и Ново Лисиче утре ќе останат без вода.

Како што извести ЈП „Водовод и канализација“ утре, 11 август, поради дефект на водоводна цевка на улица Новопроектирана – Сервисна зона југ во населбата Кисела Вода, без водоснабдување од 23 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче.