Утре нов протест пред Владата поради загадувањето

Утре нов протест пред Владата поради загадувањето

Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре напладне пред Владата. Протестот го организираат граѓани што повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2000 година ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините, кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа „Фејсбук“.