Утре трка на скопските улици

Утре трка на скопските улици

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја подготвија трката Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K) која во ќе започне утре во 9 часот од булевар „Илинден“ покрај фонтаната „Лотус“ во Скопје.

Натпреварувачите ќе трчаат во правец на Скопје Сити мол, каде на семафорите кај улица „Љубљанска“ ќе свртат полукружно и се враќаат на од другата страна на булевар „Илинден“ до пешачкиот на Градско собрание, каде повторно вртат полукружно и трчаат во правец на Скопје Сити мол и кај семафорите на улица „Љубљанска“ вртат полукружно и се враќаат накај фонтаната „Лотус“ каде што ја завршуваат трката.

Скопје трча 10КМ е во организација на Виз Ер Скопскиот маратон, а генерален покровител е Агенција за млади и спорт.