Утре ќе биде одбележана годишнината од потпишувањето на Охридскиот ракомвен договор

Утре ќе биде одбележана годишнината од потпишувањето на Охридскиот ракомвен договор

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе се обрати по повод одбележувањето на 16 години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор.

Договорот за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија е потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001.

Договорот го потпишаа Борис Трајковски, тогашен претседател на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски тогашен претседател на СДСМ, Имер Имери, тогашен претседател на ПДП и Арбен Џафери, тогашен претседател на ДПА.

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници Франсоа Леотар, претставник на ЕУ и Џејмс Пердју, претставник на САД.