УЈП ќе потрши 10 илјади евра за физичко обезбедување на објекти

УЈП ќе потрши 10 илјади евра за физичко обезбедување на објекти

 

Шест милиони денари без ДДВ ќе потроши Управата за јавни приходи за 24 часовно физичко обезбедување на дирекциите во Скопје и Битола за период од една година. Сумата во евра е околу 10 илјади, што значи дека месечно обезбедувањето на овие два објекти и на уште еден по потреба е околу 830 евра. На Бирото за јавни набавки е објавен оглас за набавка на услуги за обезбедување имот.

Од УЈП за Макфакс велат: „Согласно техничката спецификација, предмет на јавната набавка е 24 часовно физичко обезбедување на објектите на дирекција во Скопје, Битола и објект по потреба на територијата на Република Македонија, како и кога има потреба од обезбедување на дополнителен објект на Управата или кој Управата за јавни приходи го стекнала под друг основа“.

Критериум за доделување на набавката е најниската цена. Краен рок за доставување на понудите е 18 април.