Фатах и Хамас постигнаа договор за примирје

Фатах и Хамас постигнаа договор за примирје

Палестинските сопернички фракции Хамас и Фатах постигнаа договор за политичко помирување, соопшти информативниот центар на Хамас.

Разговорите за единство меѓу двете сопернички фракции почнаа во вторникот. Фатах, кој има поддршка од Западот, ја изгуби контролата во Газа од Хамас, кој, пак, Западот и Израел го сметаат за терористичка организација.
Минатиот месец, сепак, Хамас се согласи да се откаже од моќта во Газа над Фатах, кој ужива поддршка од палестинската влада на претседателот Махмуд Абас.

Палестинците во Газа и на Западниот Брег се раководеа одвоено кога во 2007 година избувнаа смртоносни судири меѓу двете групи.

Хамас победи на парламентарните избори на окупираните територии претходната година и ја засили својата моќ во Газа кога ја собори Фатах од енклавата.

Палестинскиот информативен центар за Хамас го објави договорот нагласувајќи дека деталите ќе бидат објавени напладне на прес-конференцијата во Каиро.