Фестивалот „Си денс“ на Црна Гора ѝ донесе 9,9 милиони евра

Фестивалот „Си денс“ на Црна Гора ѝ донесе 9,9 милиони евра

Годинешното издание на фестивалот „Си денс“ ѝ донесе на црногорската економија 9,9 милиони евра, покажа истражувањето што го спроведе центарот ТИМ.

„Низ капијата на фестивалот во текот на трите дена и ноќи поминаа 65 илјади посетители од повеќе од 30 земји во светот, кои во просек пред, во текот и по фестивалот во Црна Гора за сместување, превоз, влезници за фестивалот и трошоци за храна потрошиле по 475 евра“, се наведува во извештајот.

Од вкупниот број гости, 87,4 отсто биле странски туристи, кои во Будва допатувале специјално за фестивалот.

Речиси 80 отсто од посетителите првпат биле на „Си денс“, а дури 95 отсто од посетителите од Западна Европа првпат ја посетиле Црна Гора.

Просечната старост на публиката на фестивалот е 25 години, а високообразованите и студентите чинат 79 отсто од посетителите.

Во истражувањето учествувале исклучиво посетители што купиле билети.