Фетел знае дека мора да биде најдобар

Фетел знае дека мора да биде најдобар

Себастијан Фетел вели дека ситуацијата во борбата за титулата во Формула 1 е едноставна – неговиот тим Ферари мора да биде најдобар што може за да го помине Мерцедес, т.е. Луис Хамилтон.

Фетел има негатива од 34 поени во генерален пласман на пет трки пред крајот на сезоната почнувајќи со јапонското ГП овој викенд.

„Мислам дека е јасно оти мора да бидеме најдобри. Мора да освоиме повеќе поени од нив. Како ќе го направиме тоа, навистина не е важно, важно е само да бидеме пред нив“, вели Фетел.

Последните две трки беа скапи за Фетел по излетувањето во првиот круг во Сингапур и четвртото место во Малезија, каде што стартуваше од последното место. Но, ниту тоа не го обесхрабрува Фетел.

„Последните три години не бевме доволно конкурентни за победа. Оваа година е поинаку“, изјави 30-годишниот Германец.