„Фејсбук“ ги прави луѓето среќни

„Фејсбук“ ги прави луѓето среќни

„Фејсбук“ го постигна она што го посакуваше – има големо влијание врз животот, а многу истражувања досега тврдеа дека оваа социјална мрежа има негативно влијание затоа што луѓето ѝ завидуваат на туѓата среќа.

Но, најновото истражување што го спроведе Leibnitz Knowledge Media Research Venter во Германија даде друг одговор – „Фејсбук“ ги прави повеќето од луѓето среќни.

Резултатите покажаа дека е поголем бројот на луѓето што покажуват задоволство од туѓите позитивни објави и убави фотографии на „Фејсбук“ отколку што се завидливи или љубоморни.

Пријателите што објавуваат позитивни објави и убави фотографии сепак успеале кај мнозинството свои пријатели да измамат насмевка на лицата, што најдобро зборува за вистинското влијание на „Фејсбук“.

Затоа, ако не сте расположение, посетете го „Фејсбук“, можеби некој од вашите пријатели одлучил на сите да ви посака убав ден.