Филмот „Ах љубов моја “ во Велешкиот театар

Филмот „Ах љубов моја “ во Велешкиот театар

В сабота, на 20 мај, со почеток во 20 часот, во Театар „Џинот“ Велес премиерно ќе биде прикажан новиот македонски игран филм „Ах љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски.

„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што сè тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот, сепак, ќе завршат со среќен крај.

Филмот е во продукција на Авард Филм и Видео, КТ Филм и Медиа и Квазар Филм. Сценариото и режијата се на Коле Ангеловски, директор на фотографија е Роберт Јанкуловски, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Лира Грабул и Раде Василев, монтажата на Блаже Дулев, дизајнот на звук е на Драко Спасовски Пацки, а музиката за филмот е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.

Во филмот настапуваат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски. крај/мф/