„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска, првпат од 2004 година. Како што објави хрватската агенција Хина, рејтингот на земјата се зголемува од „ББ” на „ББ +” со стабилна перспектива. Според агенцијата, одлуката е произлегува од одличната туристичка сезона и подобрувањето на јавните финансии.

Економскиот раст на Хрватска во 2017 година остана на ниво од три отсто, а очекувањата се дека и во прогнозираниот период растот ќе продолжи. Економистите, исто така, очекуваат ниско ниво на инфлација. Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека зголемениот кредитен рејтинг на Хрватска е „добра вест”, и охрабрување за владата да продолжи на патот на реформите.